Постојат два вида на мажи: сингл и зафатени.
Фотографиите подолу на комичен начин ја опишуваат разликата помеѓу сингл и зафатен маж.
Една од важните разлики лежи во бројот на влакна на лицето – момците кои имаат девојки многу често се бричат.

Следната разлика е во бројот на барања за пријателства на Фејсбук кои ги прифаќаат, особено ако се работи за некоја згодна девојка.

Ако телефонскиот разговор во просек ви трае помалку од 60 секунди, веројатно сте сингл.

Зафатените момци се осудени на романтични пијалоци, како што е шампањ. Слободните фраери, од друга страна, слободно можат да уживаат во пиво.

Ако сте во врска, тогаш знаете дека секое излегување со другарите и девојката се претвара во излегување со девојката и надгледување на екипата која супер се забавува.

Генерално, момците кои немаат девојка имаат „подебел“ новчаник.

И за крај, во кино сингл момците бираат седишта во средината за подобро да го гледаат филмот. Ако сте со девојка, најчесто завршувате во задниот ред.

