Езерото Бериеса во Калифорнија го досегнало највисокото ниво во последните десет години поради обилните дождови кои му предизвикуваат проблеми на локалното население.
Но, дождот донел и уникатен и прекрасен феномен.
Тој го активирал одводот “Glory Hole” кој функционира како одвод во када за да спречи прелевање на езерото.

Последен пат одводот бил активиран во 2008 година, а ова е прв пат феноменот да биде снимен со дрон.
Прекрасниот и редок феномен секој пат воодушевува со својата единствена и прекрасна појава.
