После 10 години обилни дождови на езерото се отворил огромен одвод (видео)

Езерото Бериеса во Калифорнија го досегнало највисокото ниво во последните десет години поради обилните дождови кои му предизвикуваат проблеми на локалното население.

Но, дождот донел и уникатен и прекрасен феномен.

Тој го активирал одводот “Glory Hole” кој функционира како одвод во када за да спречи прелевање на езерото.

Последен пат одводот бил активиран во 2008 година, а ова е прв пат феноменот да биде снимен со дрон.

Прекрасниот и редок феномен секој пат воодушевува со својата единствена и прекрасна појава.