Серена Вилијамс објави прва фотографија и видео од ќерката

Серена Вилијамс се породи минатата недела и на свет ја донесе ќерката Алексис Олимпија Оханијан Џиниор.

35-годишната тенисерка сега го покажа бебето на јавноста објавувајќи видео од новородената ќерка.

Серена плус откри и дека таа и бебето морале да останат во болница по раѓањето бидејќи имало компликации во првите шест дена.

Алексис е преслатка.