Многу родители не сакаат да го знаат полот на детето пред раѓањето, додека други, водени од нетрпеливоста одлучуваат да му веруваат на ултразвукот и однапред да купат што е можно повеќе гардероба и мебел за бебето.
Во зависност од полот, родителите се одлучуваат детската соба да ја уредат во сина или розова варијанта, многу ретко во неутрална, како зелена или жолта.
Овој млад брачен пар доживеал необично изненадување, затоа што за време на последните месеци од бременоста, очекувале девојче.
Водејќи се по тоа, купиле гардероба во розова боја, а исто така го известиле и целото семејство дека очекуваат мала принцеза.
Собата ја искречиле во розево, а во истата боја купиле мебел и гардероба.
На изненадување на сите, наместо очекуваната убавица, на свет дојде убавец.
Доколку познавате некој кој очекува бебе, посоветувајте го сепак слепо да не му верува на ултразвукот и дека секоја снимка треба да се „зема со резерва“.