Што вели науката за бебињата родени во мај?

Според досегашните научни истражувања, луѓето родени во петтиот месец од годината се изложени на понизок ризик да заболат од болести поврзани со респираторниот систем, кардиоваскуларниот систем и некои невролошки состојби. Но, тоа не е сè.

Личностите родени во мај по природа се романтичари, а кога ќе засакаат некого многу се искрени во љубовта. Но не се искрени само во љубовта, туку и во пријателствата кои ги градат брзо и никогаш не го вртат грбот на вистинските пријатели. Луѓето родени во мај имаат креативен ген кој се истакнува во сите видови уметности. Нивниот ум функционира на интересен начин.

Луѓето родени во мај најчесто се талентирани музичари, актери, писатели или креативци. Сакаат да патуваат и мразат да седат дома.

Интересно е што бебињата родени во мај се со поголема родилна тежина и посилни отколку бебињата родени во зимските месеци. Исто така, луѓето родени во овој месец се сметаат за посреќни, така барем покажува истражување во кое учествувале скоро 30.000 учесници. Тие давале оценка за тоа колку се сметаат себеси за среќни, во споредба со луѓето родени во зимскиот период. Луѓето родени во мај одговориле дека се најсреќните, додека оние родени во ноември биле најмногу песимистички настроени.

Слично како и децата родени во април, и оние во мај се тврдоглави, но нивниот критички начин на размислување им помага да ги надминат пречките. Интересно е тоа што луѓето родени во мај многу лесно го губат трпението и знаат брзо да избувнат. Токму ова ги прави груби. Никогаш не знаете од што ќе се навредат и од што ќе избувнат во лутина. Лутината брзо им минува, но избувнуваат многу често.