Немојте да ги подгревате овие намирници

Некои намирници не би требало да ги подгреваме затоа што можат да ги изгубат хранливите вредности или дури да бидат лоши по нашето здравје.

Ако ви останале мусака, компир, спанаќ или печурки, па сте ги оставиле во фрижидер за да ги јадете утре, тоа баш и не е добра идеја.

Еве која храна не би требало да се подгрева и зошто.

Печурки
Печурките би требало да ги изедете веднаш откако ќе ги подготвите, ако ви остане вишок, подобро е да ги јадете ладни. Тоа исто се однесува и на супи и други варива кои содржат печурки. Со подгревањето на печурките се менува структурата на нивните протеини, како и самиот вкус. Тогаш може да дојде до проблем за време на варењето, но и намалување на здравствените благодети на оваа вкусна намирница.

Пилешко месо
Со подгревањето на месото исто така доаѓа до промена во протеините. Ако баш не можете да го јадете ладно, најдобро е пилешкото месо да го подгреете на пониска температура.

Компири
Со подгревањето, компирот го губи благотворното дејствување на здравјето. Јадете го компирот додека сеуште е топол или пак кога ќе се олади, но немојте да го подгревате. Ако подготвувате вариво кое ќе го јадете неколку денови, додадете свежо сварен копир пред секое подгревање на јадењето.

Спанаќ
Има висок процент на нитрати кои со загревање се претвараат во нитрити. Тие потенцијално се канцерогени, па затоа се препорачува спанаќот да го јадете само кога се свежо подготвен.

Цвекло
Цвеклото исто така содржи нитрати кои со подгревање се претвараат во нитрати и можат да имаат штетно влијание на нашето здравје.

Јајца
Можат да станат штетни ако се подгреваат, но само ако се наоѓаат во јадењата во кои се веќе сварени или пржени, а не додадени изматени, како што е случај кај сосовите.