Препознавајќи го афирмативниот карактер за град Кавадарци кој ГРК Тиквеш го постигнува на државно ниво со влезот во елитната ракометна супер лига, Кожувчанка ДОО како водечка компанија за производство на безалкохолни и алкохолни пијалаци која исто така е со седиште во град Кавадарци, се одлучи да ја продолжи соработката со ГРК Тиквеш, со вкупна вредност на спонзорство од 500 000 денари.
„-Да се биде дел од ракометната супер лига на една од топ 5-те најдобро рангирани светски ракометни лиги во светот е од огромно значење како за клубот, така и за градот од кој потекнува овој клуб.
Ние како компанија би сакале да им дадеме еден поттик и би им посакале на ракометарите да имаат успешна сезона бранејќи ги боите на градот.
Искрено се надеваме и на што побрзо враќање на публиката на трибините“,изјави Јанинка Чупаркоска директор на компанијата Кожувчанка.