“Кожувчанка” донираше две возила за Општина Кавадарци

Компанијата Кожувчанка донираше две нови возила за „Мој Општинар“, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев .

Јанчев во своето обраќање објасни дека станува збор за возила Фоклсваген Фокс кои се донираат со цел да се овозможни поголема мобилност и достапност и полесно функционирање на самите општинари.

Градоначалникот им се заблагодари на вработените кои се дел од „Мој Општинар“ за нивната упорност, реализација на проекти и нивната иновативност.