Еве што прават бебињата за време на првиот час од нивниот живот

Шведските научници внимателно набљудувале 28 бебиња за време на повеќе од еден час после раѓањето за да ги забележат нивните први реакции.
Еве што прават бебињата за време на првиот час од нивниот живот:
Минута 0: бебето испушта крик за да ги активира белите дробови

Минута 2: после првиот плач, бебето се опушта и лежи неподвижно на мајчините гради. Авторите на студијата претпоставуваат дека бебето мирува за да се сокрие од евентуални предатори. Се работи за инстинкт.

Минута 2,5: бебето прв пат отвара очи и почнува да ја движи главата и устата.

Минута 8: бебето станува активно и ги држи очите отворени цели 5 минути. Почнува да станува гладно и ја врти главата кој градите на мајката.

Минута 18: бебето задремало.

Минута 62: прво доење: бебето голта помала количина на колострум. Мајчините гради се стимулирани и почнуваат да произведуваат млеко.

Минута 70: бебето спие