Секоја жена има барем неколку послаби пријателки од неа, на кои им завидува за извонредната форма.
Не зборуваме за дами кои се нон-стоп на диети кои пијат апчиња за слабеење и кои постојано јадат само салата, туку за оние кои се хранат со правилна исхрана, без да се опседнати од калориите.
Ова се 11 Топ совети кои ќе ви помогнат да почнете да се чувствувате подобро во својата кожа, менувајќи го односот кон храната:
1 . Јадете само кога сте гладни.
Следниот пат кога ќе ви се пријаде, запрашајте се дали вашата желба за храна доаѓа од умот или е диктиран од вашето тело. Подобро направете нешто забавно, испијте една чаша вода или одморете се. Јадете храна, само кога стомакот навистина е празен и кркори од глад.
2 . Не јадете кога сте под стрес, лути, вознемирени и.т.н
Варењето работи најдобро кога човек е мирен, а не кога е вознемирен.
3 . Јадете вистинска, корисна храна, а не нездрави и супер калорични производи
Најдобро е да се храните со готвена храна и тоа главно дома, бидејќи надвор најчесто ќе бидете привлечени од суви производи кои се полни со калории, а не ги содржат најважните хранливи материи.
4 . Избегнувајте да јадете храна која не ви се допаѓа или не ви е особено вкусна
Вашето тело ќе ви се заблагодари подоцна затоа што сте биле толку добри кон него и не сте ја изеле мрсната храна.
5 . Не јадете храна која е преварена, разрушена, пресолена, премногу слатка, или едноставно лошо приготвена
Лошо подготвеното, неквалитетно јадење обично не е корисно за организмот.
6 . Јадете претежно свежа храна и производи
Отстранете ги од менито замрзнатата, спакуваната и конзервираната храна. Тие немаат многу корисни хранливи материи и обично се премногу солени и полни со конзерванси.
7 . Не пијте премногу ладни и газирани пијалаци пред и за време на оброк
Најдобро се држите до обичната вода, без мраз или оставена на собна температура. Ладните течности може да го потиснат варењето и да го забават метаболизмот.
8 . Јадете со луѓе, чиј стил на исхрана ви одговара
Јадењето е интимен чин. Често додека се храниме ние водиме разговор со најблиските, колегите или пријателите. Затоа е паметно да си одберете партнери за ручек и вечера.
9 . Избегнувајте да гледате телевизија, додека јадете
Не само што ќе ви земат повеќе калории отколку што ви требаат, но и многу телевизиски емисии предизвикуваат негативни и дури стресни емоции.
10 . Престанете да јадете, кога се чувствувате сити
Никој не сака да се чувствува прејаден, а стомакот му е преполн после јадење. Вашиот стомак не е кофа во која можете да преливате неограничено количество. Престанете да јадете, кога ќе почувствувате дека веќе не чувствувате глад.
11 . Џвакајте многу и хранете се бавно
Колку време ви одзема јадењето на вашата порција ? Ако тоа се 15 минути – направете ги двојно повеќе. Секој оброк треба да трае помеѓу 30 и 45 минути. Храната треба да се џвака подолго и да се внесуваат мали грутки