Пиво после вежбање – ДА!

Пивото е одличен напиток кој успешно ја надокнадува водата и електролитите.

Поради ова, покрај вода за освежување на организмот, по физички напор пијте пиво.

Пивото може да биде неверојатно добар пијалок по спортска активност, шетање или било која друга физичка активност. По рекретивниот дел жедта не тера да ја надокнадиме изгубената течност, а многу нутриционисти нагласуваат дека пијалокот треба да ги задржи минералите.

Биохемичарот и експерт за исхрана Др. Донатела Вербанац потврдува дека пивото, секако доколку се конзумира умерено, може да делува исто како вода и на организмот да му го овозможи потреното количество на течност, минерали и потребните витамини кои го регенерираат и освежуваат организмот особено во летниот период.

Најважната состојка на пивото е вода, и е 92% застапена од целокупната содржина. Меѓутоа, во пивото наоѓаме и други многу важни компоненти. Тука се белковините и јаглените хидрати, минералите и анорганските материи. Всушност тие се состојките кои се одговорни за чуството на освежување кое го предизвикува пиењето на пиво.

Нутритивните и физиолошките дејства на пивото се навистина големи.

Ова се само дел од причините поради кои умерената конзумација на пиво позитивно влијае на вашето здравје:

1. Пивото ефикасно ја гаси жедтта
2. Пивото предизвикува лачење на потребните сокови и го подобрува варењето на храната
3. Пивото има одлично дејство при лачењето на течностите во организмот и делува превентивно
4. Пивото не е причина за зголемување на телесната тежина.Тој е нискокалоричен пијалок и неговата умерена конзумација се препорачува и во случај на некој диети

Секогаш треба да се има на ум дека, во зависност од тежината, не смее да се конзумира повеќе од две до три шишиња 0,33л пиво дневно заедно со вашиот оброк.

За жените количината за внесен алкохол теба да е дупло помала.