Чаша пиво за добро здравје

Повеќето лекари сметаат дека умерено консумирање на пиво може да биде добро за здравјето.

Пивото го содржи витаминот Б како и многу протеини.

Витаминот Б е потребен за добро здравје, ни дава енергија, ја одржува нормалната функција на нервниот систем, ги регулира хормоните, му помага на менталното здравје, како и на здравјето на срцето и имунолошкиот систем.

Едно до две пива на ден се добри за вашите коски. Пивото содржи силициум кој не е достапен во многу видови храни, а е поврзан со здравјето на коските.

Американските центри за контрола на болести препорачуваат мажите да консумираат две пива на ден, а жените едно.

Повеќе од ова, би можело да има штетни ефекти врз здравјето.

Освен неговата консумација, можете да го користите и за вашата коса. Пивото ќе и даде сјај и ќе ја врати во живот.

Сакате совршена чаша ладно пиво? Оставете ја чашата во замрзнувачот неколку часа, а потоа наточете пиво.