Жештините се неподносливи: Еве како подобро да спиете навечер

Топлото лето претставува проблем за многумина.
Многу често и ноќите се со високи температури кои не се многу пријатни за спиење.

Еве неколку трикови кои можат да ни помогнат да уживаме во сонот во летниот период.

-Затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.

-Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препораливо да се јаде лута и зачинета храна.

-Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.

-Измијте ги стапалата со ладна вода пред да одите на спиење.

-Држете ги стапалата над прекривката.