Умерена количина на алкохол позитивно делува на човековата креативност, покажува ново истражување. За оние кои се љубители на пивото пристигнува добра вест!
Психолози од Илиноис воочиле дека мажите по конзумација на две кригли пиво подобро и побрзо ги решаваат вербалните загатки.
Испитани биле 40 здрави мажи кои биле поделени во две групи.
Откако првата група се „напила“ научниците почнале на волонтерите да им даваат задачи, односно игри на асоцијација.
Умереното пиење на пиво благотвроно делува на менталните капацитети, открива студијата! Ова особено се однесува на мажите!
Интересно е што „поднапиените“ решиле за 40% повеќе загатки за многу пократко време отколку нивните “трезни” колеги.
За да одговорат точно на задачата им биле потребни 12 секунди, додека на оние кои не конзумирале пиво им било потребно 3 ипол секунди повеќе.
Повеќе од 0.07 промили алкохол, ја спречува правилната меморија, велат научниците, но умерена количина на алкохол може позитивно да влијае на човековата креативност.