Фондацијата Никола Јанчев со голема донација во здравството на празникот Свети Никола

На големиот православен верски празник кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви, оваа година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци , финансиски средства од 1 800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.

Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.


Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.
За многу години денешниот празник св.Никола . Среќни и весели нека ни бидат и престојните новогодишни и божиќни празници – .посакуваат од Фондацијата!

Фондацијата “Никола Јанчев“ е основана на 14.02.2018 година.

Основач е г-дин Митко Јанчев, актуелен Градоначалник на Општина Кавадарци. Фондацијата има една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности.

Средствата за донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од компанија Кожувчанка.

За функционирањето на Фондацијата Никола Јанчев, подетално информирајте се ОВДЕ