Цеца Ражнатовиќ повторно настапуваше пред верната публика во Црна Гора.
Позитивната енергија беше доволна фолк ѕвездата да направи спектакал за паметење, а во еден момент настапот го прекинала нејзината ќерка, Анастасија.
Анастасија Ражнатовиќ имаше посебна музичка желба, па мораа да и ја исполнат.
„Мојата ќерка никогаш ништо не бара , но вечерва има посебна желба, да ја испеам песната „Brat“. Ништо не ми е јасно, но одиме за Анастасија“, кажа Цеца и почна да го пее хитот.
„Анастасија, дури сега ми се јасни некои работи. За тоа ќе збориме дома“, се пошегува Цеца откако и ја исполни желбата на својата ќерка.
