Анастасија го прекина концертот на Цеца: Ќерката имаше музичка желба

Цеца Ражнатовиќ повторно настапуваше пред верната публика во Црна Гора.

Позитивната енергија беше доволна фолк ѕвездата да направи спектакал за паметење, а во еден момент настапот го прекинала нејзината ќерка, Анастасија.

Анастасија Ражнатовиќ имаше посебна музичка желба, па мораа да и ја исполнат.

„Мојата ќерка никогаш ништо не бара , но вечерва има посебна желба, да ја испеам песната „Brat“. Ништо не ми е јасно, но одиме за Анастасија“, кажа Цеца и почна да го пее хитот.

„Анастасија, дури сега ми се јасни некои работи. За тоа ќе збориме дома“, се пошегува Цеца откако и ја исполни желбата на својата ќерка.