Српската тенисерка Ана Ивановиќ се омажи за фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, а нивната венчавка ја следеше целиот свет.
Па, така сега се поставува прашањето кога ќе имаат бебе.
Со оваа тема се позанимавале хрватските медиуми, па како што пишува РТЛ, цената на детето би била превисока.
Имено, Ана е со договор обврзана да игра тенис до 30-тата години, а од теренот може да ја оддели само повреда.
Во спротивно, ќе треба на спонзорите да им плаќа пенали и до седум милиони евра, барем во случај ако остане бремена во наредниите година дена.
Ана Ивановиќ има доживотен договор со „Адидас“. Додека игра тенис годишно добива пет милиони евра.
Ако одлучи да престане, нејзината заработувачка ќе изнесува 1,5 милион евра, годишно.
Во превод, ако би останала бремена, би загубила две сезони на теренот, што според договорот би значело дека Ана би можела да загуби неверојатни десет милиони евра.