Живеела во три века: Најстарата жителка на светот има 117 години

Ема Морано, најстарата жива личност на светот, го прослави својот 117 роденден со пријателите и семејството.

Ема живеела во три века, а родена е на 29 ноември 1899 година.

Благодарение на својата долговечност, Ема стана славна личност, има своја страница на „Википедија“, а во родниот град сите се грижат за неа.

Ема Морано

Во Вербанија, градот на брегот на езерот Маџоре во Италија, во кој Ема Морано е родена, е организиран концерт и фестивал на танци во чест на 117-тиот роденден на најстарата жителка на градот.

Направена е ретроспектива на нејзиниот живот, овековечена со фотографии и нејзини приказни, од животот во двете светски војни до разводот од сопругот кој со години ја малтретирал.

Кога новинарите на британскиот „Телеграф“ ја запрашале што е тајната на нејзината долговечност, таа им одговорила дека секој ден јаде три јајца, едно варено и две живи, како и малку живо мелено месо.

Ема Морано