Ако пропуштивте: Ова е победникот на „Ѕвездичките на Пинк“

Синоќа, во раните утрински часови беше прогласен победникот во втората сезона на музичкото талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“.

Во супер-финалето до самиот крај или во последниот двојбој се најдоа нашата Мартија Станојковиќ и Марко Бошњак кој ја однесе победата.

ѕвездичките на пинк мартија

Марко вчера ја отпеа и „Зајди, зајди“, а сите во студиото и пред малите екрани ги остави во транс, со солзи во очите.

ѕвездичките на пинк

И нашата Мартија не беше ништо полошо, напротив доминираше со својот прекрасен глас, но и настап.

Додека шармантната кумановка заврши на второто место, Антониа Гиговска порано го напушти натпреварот, но секако заврши во топ 10.

ѕвездичките на пинк антонија