Американскиот рапер, Кание Вест првиот нервен слом го доживеа кон крајот на минатата година откако помина неколку денови во болница.
Поминаа месеци после излегувањето од болница, а еден пријател на Вест тврди дека раперот воопшто не се сеќава на инцидентот.
Малик Јусуф, близок соработник на Вест, изјави за „Попшугарr“ дека раперот полека се опоравува.
„Јас неодамна бев кај него дома и поминавме заедно повеќе од шест часа. Разговаравме за се, а најмногу за неговото здравје и опоравување. Она што е добро е дека сеќавањата полека му се враќаат, затоа што тој всушност не знае што точно се случило со него. Сега тој е со семејството и тоа е најважно“, рече Јусуф.
Медиумите тогаш шпекулира дека Канје боледува од параноја и дека не дозволувал ни докторотите да му се доближат.