Сурогат мајката на Ким Кардашијан добива третман од 2 милиони долари

Ким Кардашијан и Кание Вест во јануари следната година со помош на сурогат мајка ќе до добијат третото дете.

Парот во строга тајност ги држи деталите поврзани со девојката која го носи нивното дете, но не успеваат буквално се да сокријат од јавноста.

Новите детали откриваат дека сугорат мајката на семејството Кардашијан-Вест престојува во изнајмена куќа одалечена половина час од Лос Анџелес.

Во новиот дом, девојката добива третман од 2 милиони долари. Куќата 24 часа на ден е под силно обезбедување, има неколку куќни помошнички и готвач кој прави специјално мени за неа.

Само за потсетување, Ким Кардашијан и Кание Вест ќе добијат уште една ќерка.