Баба на 78-години дига по 100 кг како од шега! (видео)

Верувале или не, оваа госпоѓа пред неколку месеци не можела да се качи по скали без помош на патерици.

78 годишната Ширли Веб е најдобар доказ дека никогаш не е доцна да се доведете во форма.

За тоа сведочи видеото кое стана интернет хит, а во неколку секунди ќе ви открие како бабичката без проблем подига 100 килограми.

Претходно бабата имала здравствени проблеми, но внукот ја натерал да почне да вежба во теретана. Таа за шест месеци веќе почнала да крева тежина и до 90 килограми.