Спенсер Елден на само 4-месеци во далечната 1991-ва година се појави на омотот на албумот „Nevermind“ на Нирвана.
25-години подоцна Спенсер направи реплика на омотот, во нова фотосесија со фотографот Џон Чепл за „New York Post“.
Спенсер бил едно од многуте бебиња кои се појавиле на снимањето, а бил одбран затоа што неговиот татко бил пријател со фотографот Кирк Видли, ангажиран на проектот.
„Моите родители ме однесоа на снимањето, ми дуваа во лице за да ме насмеат, ме ставија под вода, ме фотографираа и потоа ме извадија. Тоа е приказната зад фотографијата. Ни платија 200 долари, а сето тоа траеше 15 секунди“, вели момчето.