Бившата девојка на принцот Хари хит во медиумите: Пред овој олтар требаше да стојам јас!

Челси Дејви, бившата девојка на принцот Хари е хит на социјалните мрежи. Таа седум години била во врска со принцот, а на кралската венчавка пристигнала помеѓу првите гости.
Нејзиниот израз на лицето кажува се. Многумина приметија како нејзиното лице говори “денес јас требаше да бидам пред овој олтар”. Сепак многумина истакнаа како не и е лесно и ја разбираат нејзината состојба.

На саботната венчавка присуствуваше уште една бивша – актерката и модел Кресида Бонас.
Медиумите се присетија како на венчавката на Чарлс и Дајана присуствуваше тогашната бивша девојка Камила Паркер, која подоцна му стана втора сопруга на принцот.
Британците направија истражување кое покажува дека само 11 проценти ги канат своите бивши на свадба а од нив само 5 проценти ја прифаќаат поканата.