Разлика помеѓу прво, второ и трето дете:
Прво дете – го пазиш и внимателно го следиш секој негов чекор.
Второ дете – ретко го гледаш, гледаш само да не јаде од чинијата на мачката.
Трето дете – ако детето јадело од чинијата на мачката, тогаш тоа си е проблем на мачката.
#ВицовитеНаДедо
– Мамо ноќеска на сон ми се јави Богородица.
– Леле, шо ти кажа??
– Ќе ми се појавела негде!
– Кадеее????
– На хартија, дај 1000ка!
#ВицовитеНаДедо
Трпана му вика на Трпе:
– Трпе, мислам дека едното дете го омаловажуваш!
– Кое? Бојан, Горан или дебелото?
#ВицовитеНаДедо
– Кога беше во Лондон дали имаше тешкотии заради англискиот јазик??
– Јас не, тешкотии имаа Англичаните кои разговараа со мене.
#ВицовитеНаДедо
На пазар: Добар ви е целеров, свеж ли е?
– Ех најдобар е, бест-целер е!
#ВицовитеНаДедо
Си биле пушач, пијаница и наркоман и умреле и отишле на другиот свет. Пушачот почнал да раскажува:
– Леле другари, умрев во страшни маки! Белите дробиви ми беа каша!
Пијаницата рекол:
– И јас умрев во маки! Црниот дроб ми беше за никаде.
А наркоманот се фатил за главата и рекол:
– Лелееее, јака дрога. Веќе и со умрени почнав да разговарам!
#ВицовитеНаДедо
Митра и вели на комшивката Цена:
– Ние ќе се селиме. Сигурно наскоро ќе имаме подобри комшии.
– И ние ќе имаме подобри комшии – вели Цена.
– И вие се селите? – прашува Митра.
– Не, ние остануваме.
#ВицовитеНаДедо
Наставникот:
Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат… Трпе, кое време е ова?
Трпе:
– Сиромашно време.
#ВицовитеНаДедо
Трпе му вика на Цветко:
– Најдов 500 евра на улица.
– И што направи со нив?
– Ништо, ги однесов во полиција. Ти што би направил?
– И јас би лажел дека сум ги однел во полиција.
#ВицовитеНаДедо
Трпе му вика на Цветко:
– Абе и јас ќе се запишев на медицина, ама немаше смер: пациент.