• – Тато, ај купи ми iPhone!
    – Кажи го магичниот збор!
    – Трпана!
    – Која Трпана?
    – Твојата швалерка!
    – Кој iPhone го сакаш?

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Оди млад човек во матично:
    – Можe да закажам венчавка за во вторник?
    – Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
    – Е па за да не си го расипам викендот.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Кога се купува нова кола, секој има прашања.
    Таткото:
    – Колку троши?
    Мајката:
    – Дали навлаките ќе се совпаднат со костумчето?
    Синот:
    – Дали оди 200 км/ч?
    Комшиите:
    – Од каде пари за нова кола?

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Разговараат двајца службеници:
    – Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
    – И, како заврши разговорот?
    – Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Две внучиња се договараат што да му купат на дедо им за роденден:
    – Да му купиме чоколадо.
    – А зошто? Па тој нема заби, нема да може да го изеде.
    – Па токму затоа, ќе ни го даде нам и ние ќе го изедеме.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Цветко забегал во некое село и прашува некоја бабичка:
    – Извинете, има ли во селово некоја туристичка атракција?
    – Имаше синко, ама се омажи лани.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпана му вика на Трпе:
    – Трпе, ти текнува ли на „Основен инстинкт“ кога Шерон Стоун ги прекрсти нозете?
    – Ииих, тоа не се заборава.
    – Тоа памтиш, а леб да купиш не?!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпе и Трпана пијат утринско кафенце и читуцкаат весници:
    – Трпе, знаеш шо, ова статистикава е чиста глупост.
    – Зошто?
    – Пишува дека на поголемиот број жени јазичното богатство им било од околу 500 збора.
    – Де бе Трпано, не се узнемируј за глупости, можда вашиот капитал на зборови е мал, ама обртот е огромен.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Малиот Трпе му вика на татко му кој се вратил од службен пат.
    – Тато, кога ти замина, дојде еден чичко, екологист!
    – Е од кај па екологист!?
    – Па ја праша мама дали околината е чиста!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпе и Трпана седат на клупа во парк и Трпана вика:
    – Срце, на што мислиш сега?
    А Трпе заводливо и одговара:
    – На истото што и ти, драга.
    Трпана со лут поглед му враќа:
    – У срам да ти е, само на тоа мислиш.

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо