Рамче му вика на татко му:
– Тато, ај купи ми енциклопедија.
– Мрш таму бе, јас пешки одев на школо.
#ВицовитеНаДедо
Иде Трпе на доктор и му вика на докторот:
– Докторе имам камења во желудникот, имам песок во бубрезите што да правам?
Докторот насмеано му вика:
– Ти пријателе треба да си отвориш градежна фирма.
#ВицовитеНаДедо
Две плавуши прават муабет:
– Многу ми е паметно детето.
– Па како да не биде, 9 месеци во средно го носеше…
#ВицовитеНаДедо
Трпана му вика на Трпе:
– Јас сум модерна жена, не перам, не пеглам и не чистам по дома…
Трпе:
– Ти не си модерна душо, туку не си тепана!
#ВицовитеНаДедо
Рамче му вика на татко му:
– Тато, ај купи ми енциклопедија.
– Мрш таму бе, јас пешки одев на школо.
#ВицовитеНаДедо
Знаеш англиски?
– Знам.
Како се вика отворен?
– open.
A затворен?
– poklopen.
#ВицовитеНаДедо
Трпе и Цветко одлучиле да се пријават во морнарица. Офицерот на регрутација ги прашува:
– Знаете ли да пливате?
Трпе му се врти на Цветко и му вика:
– Што ти реков, овие ни бродови немаат!
#ВицовитеНаДедо
Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.
#ВицовитеНаДедо
Трпана му се јавува на Трпе:
– Здраво, драги! Што правиш?
– Си пуштив филм.
– Пак ли некоја мрсотија?!
– Не… мелодрама… германска… за сиромашна девојка на кое во бањата и се расипува тушот и доаѓаат да и помогнат тројца водоводџии.
#ВицовитеНаДедо
Докторот му вика на Цветко:
– Ви го извадив забот што ве болеше. Не треба да јадете во наредните два часа.
– Докторе, со овие твои цени, нема да јадам наредните два месеци.