• Влегува Трпе пијан дома и со раката шара по зидот за да го најде прекидачот. Трпана од креветот:
    – На лево, малку десно, сега горе, подолу, подолу…
    Од другата соба се јавуе мајка и:
    – Ќере, не го мачи човекот, фани го со рака.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Синот го прашува таткото:
    – Тате, нели вештерките ги има само во приказните?
    Таткото погледнува кон кујната:
    – Едно време и јас така мислев…
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото:
    – Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто!
    – Сакам да се омажам за тебе!
    – Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • – Трпе, убава ли сум вака нашминкана?
    – Трпане, тебе не ти требе шминка за да бидиш убава!
    – Ооо, Трпе колку си мил!
    – Тебе ти требе пластична операција!

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Бабата му вели на внучето:
    – Чедо, на оваа новата вага, каде ми ги пишува килограмите?
    – Бабо, слегувај веднаш од таблетот!

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпана му вика на Трпе:
    – Трпе, ако фатиме на лото, ќе одиме ли на едно патување околу светот?
    – Секако дека ќе одиме, јас на запад, ти на исток.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпе ја прашува Трпана:
    – Ако умрам, ќе си најдеш ли нов маж?
    – Не срце, ќе останам со сестра ми. А јас ако умрам ќе си најдеш ти нова жена?
    – Не душо и јас ќе останам со сестра ти.

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпе застанал на вагата да си ги мери килограмите, и почнал со рацете да го притиска стомакот навнатре. Трпана го гледа, му се смее и му вели:
    – Тоа нема да ти помогне да станеш полесен.
    – Да, но ќе ми помогне да ги видам бројките на вагата.

    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпана му вика на Трпе:
    – Ај бе однеси ме некогаш на циркус!
    – Зошто? Кој сака да те гледа нека дојде кај нас.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо