Чекаше да го гушне принцот Хари: Оваа 97-годишна бабичка ќе ви го стопи срцето

Принцот Хари беше во посета на Сиднеј каде ги промовираше параолимписките игри „Invictus games“ кој се под негово покровителство.

Времето во Австралија не го послужи, но дождот не го спречи принцот да се поздрави со своите фанови, посебно со неговата најголема обожавателка.

Станува збор за 97-годишната бабичка, Дапен Дан која го чекаше на дождот да го бакне.

Ова не е прв пат „супер“ бабичката чека да го види принцот, таа тоа го стори и на неговата посета пред неколку години.

Хари навистина беше среќен штом ја здогледа Дапен и ја поздрави помеѓу толпата.