Чоколадни, без печење, декоративни и во форми какви што сакате, тоа нуди овај состав за десерт.
Состојки
100гр бисквити мелени
100гр ореви мелени
70 гр млеко
70гр путер
2 штангли чоколадо
6 парчиња чоко бананчиња
200гр чоколадо по избор
Начин на подготовка
Најпрво се мелат оревите и бисквитите. Се ставаат во сад се дробат бананчињата.
Настрана во сад на оган се става млекото, путерот и штанглите чоколадо, да се убаво вжештат, веднаш се потура претходно подготвената смеса од орев и бисквита, се мешаат добро и се оставаат да се излади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.
Од таа смеса се прават мали топчиња, помали од бомбици.
Чоколадото по избор,се топи на тивко со 2 лажици масло, се полнат до половина калапчиња, кои претходно сте ги избрале за колачите. Моите овој пат беа силиконски калапи.
Во средината на секое калапче со чоколадо се става бомбицата. Оставаме така да се зацврсни, па се вадат од калапите и се декорираат.
Добар апетит !

