Дали пиете доволно вода во овие пеколни горештини?

Топлото време ни носи пријатни мигови покрај плажа или базен, но за да уживаме во летото, мора да останеме хидрирани.

Природно е телото во лето да губи повеќе течности, па затоа треба да внимаваме.

Честопати се поставува прашањето, колку вода треба да се конзумира во текот на денот?

Точната количина на вода секако варира од човек до човек, но генерално за да останете доволно хидрирани доволни се од 2 до 4 литри за активни возрасни лица.

Резултатите на повеќе истражувања покажуваат дека мажите треба да пијат 3,7 литри, а жените 2,7 литри вода на ден.