На денешен ден 1978 година се родила Луис Браун, првото бебе зачнато со вештачко оплодување.
Револуционерната метода им овозможи на милион парови да оформат семејство.
Родена е пред 38 години, а породувањето било направено тајно. Ретко кој во болницата знаел која е нејзина мајка, а родителите не сакале да го откријат својот идентитет.
Дури и првата посета на незиниот татко во болницата била со присуство на полицијата поради начинот на кој неговата ќерка дошла на свет.
Луис била зачната со вадење на јајце клетки од јајниците на мајка и кои биле оплодени со спермата на татко и и потоа повторно вратени во матката.
Методата била толку револуционерна што семејството добивалo писма со омраза, но далеку побројни биле писмата во кои луѓето пишувале дека нивната ќерка им дава надеж.
Затоа што Луис била потполно здрава имало гласини дека има супер моќи и дека може да поместува предмети со мозокот.
Создавачите на оваа технологија Патрик Степто и Роберт Еванс на Луис и дале средно име Џој (Радост) и како што кажува и таа самата таква реакција има и од многу луѓе што ги познава.
Приказната за тоа како е родена е раскажана многу пати, но Луис кажува дека само нејзиното семејство знае што точно се случувало после нејзиното раѓање.
Затоа и се одлучила да напише книга и да ја раскаже својата приказна.
Нејзините родители сакале да има нормален живот и во тоа успеале. Таа денеска живее во Бристол и има два природно зачнати сина.