Дознајте ги тајните кои пилотите не сакаат да ви ги откријат!

Ако некогаш сте помислиле дека авиокомпаниите кријат многу работи, можеби сте во право.

Одговарајќи на прашањето „Кои се тие работи кои пилотите на патничките авиони не сакаат да ги кажат?“ на еден американски форум, еден анонимен корисник кој се претставил како пилот на домашни летови (американски), открил многу интересни работи.

Тој на американските патници им препорачуваат да не пијат кафе во авионот и да не обрнуваат премногу внимание на сигналот за задолжително врзување на појасот при полетување. Она што многумина не го знаеле, а што анонимниот пилот го споменал, е тоа дека некои пилоти носат и пиштоли.

Прочитајте што, меѓу остататото, овој анонимен пилот одговорил на наведената тема на форумот.

“Еве неколку работи кои не сакаме да ви ги кажеме:
Немојте да пиете кафе. Преносната вода која ја добива авионот едноставно е одвратна. Во неа се ставаат хемикалии за да се спречи во водата да се развиваат лоши работи, но лошиот вкус не доаѓа од кафето, туку од хемикалиите..
Не знаеме каде се наоѓаме во поголемиот дел од времето… Можеме да ви кажеме колку сме далеку од следната навигациска точка и каде се наоѓаме во генерална смисла, но покрај она што можеме да го видиме низ ветробранското стакло, обично само генерално знаеме каде се наоѓаме кога сме на максималната висина на летот. Секако, сите носиме карти, но нема баш сите од нас да ги отворат картите и да го следат патот на летот. (Тоа се менува кога ќе започне приоѓањето кон аеродромот. Снаоѓањето во просторот тогаш е навистина важно).
Секогаш забораваме да го изгаснеме сигналот за задолжително врзување на појасите…
Некои од нас носат пиштоли. Тоа сигурно е и јавно познато, но службениците на Federal Flight Deck можат да носат пиштоли и во пилотската кабина.
Ова се само некои од работите кои не сакаме да ви ги кажеме… Пријатен лет!”