Две познати Македонки вчера добија принова

Пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг вчера станаа родители на малата Арија.

Името на бебето потекнува од серијата „Игра на тронови“.

Ова е прво дете за неа и сопругот Александар кои уште пред две години знаеле како ќе се вика нивното дете.

Вчера, мајка по втор пат стана и познатиот модел Катарина Ивановска.

Таа и нејзиниот партнер Цобе одлучија ќерката да се вика Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски.

Честитки до среќните семејства!