Најраспространетиот мит поврзан со храната е правилото на пет секунди.
Според експертите важно е кој тип храна е во прашање и опкружувањето каде храната паднала.
„Не постои таква работа како што е „правилото пет секунди“, вели Рејчел Вилијамс, советник за информации за здравствената заштита.
Таа додавa дека тоа со сигурност е мит и дека не се препорачува внес на храна откако го допрела подот.
„Секоја храна која ќе ја испуштиме допира некоја бактерија“, потврдува Вилијамс.
Рејчел Вилијамс вели дека на бактериите им е потребно влажно место за да се развијат, така што мократа храна сигурно е заразена во контакт со подот.
Во храна која никако не треба да ја јадете откако го допрела подот спаѓаат: исеченото овошје, месото, шунката, саламата, млечните производи, варените тестенини и варениот ориз.