Во Бангладеш е родено бебе, кое поради ретко заболвуање изгледа како старец.
Родено е во Mагури, а локалните доктори велат дека е во прашање заболување наречено прогерија.
Бебето не изгледа воопшто како новороденче.
Има видливи знаци на стареење како што се длабоки брчки и груба текстура на кожата.
Детето има и доста влакна на главата и целото тело, но родителите се пресреќни што тоа се родило.
„Можеме да му заблагодариме на Бога. Не треба да бидеме несреќни поради изгледот на нашиот син. Ќе го прифатиме каков што е. Среќни сме што имаме момче во домот“, рекол таткото на бебето.
Докторите од локалната болница велат дека детето засега ќе биде добро, но не е познато како ќе се лекува во иднина.
Поголемиот дел од децата во оваа состојба, која погодува едно дете во четири милиони новороденчиња, не живее повеќе од 13 години.
Заболувањето настанува поради генетска грешка при која се предизвикува големо количество протеини прогерин кој предизвикува брзо уништување на клетките и стареење.