Еве зошто самите себе не можеме да се скокоткаме

Докажано е дека не можете да уживате во ист интензитет кога некој ве скокотка и кога вие самите тоа си го правите.

Нашето тело крие многу мистерии, а ако сакате да се позанимавате со една од нив, доволно ви е само едно пердувче и вашите стапала.

Дајте му го пердувчето на некој од вашите пријатели и замолете го да ве скокотка по табаните, а потоа истото направете си го на самите себе.

Доколку сте како поголемиот дел од луѓето, првата ситуација многу повеќе ќе ви одговара, додека втората ќе ве однесе до агонија.

Еве одговор зошто тоа е така.

Психологот Стенли Хол открил дека постојат два вида на скокоткање – книсмесис (скокоткање кое не предизвикува смеење) и гаргалесис (она кое предизвикува смеење). Ние се смееме и ни одговара кога некој не скокотка, затоа што тоа не го очекуваме.

Малиот мозок, кој инаку е задолжен за нашето движење, може да дететктира разлики меѓу очекувана сензација (гребење, чешање) и неочекувана сензација.

Поради оваа разлика, ние не можеме да предвидиме кога некој ќе не скокотка, или како ќе се чувствуваме кога ќе не скокоткаат, па тоа ни создава паника. Таа паника се манифестира низ неконтролирано смеење.

Интересно е тоа што овој начин на изразување на паника, низ евоуцијата било заштита од предаторите. Ние не можеме да се скокоткаме самите себе затоа што ако нема изненадување, нема ни смеење.