Еве зошто Том Круз ја нема видено ќерката четири години

Том Круз веќе четири години ја нема видено својата ќерка Сури која ја има од бракот со Кејти Холмс.

Наводно, тој тврди дека сеуште не е време за тоа, а всушност се работи за забрана од страна на саентолошката црква од која е дел.

Оваа црква не дозволува комуникација до луѓе кои не се нејзини членови.

Сури има 11-години, а нејзината мајка Кејти се труди да и овозможи детство без грижи и покрај тоа што нејзиниот татко не сака да ја види.