Преку природната вода Изворска, Компанијата Кожувчанка неодамна лансираше кампања со која ги претставува нашите Херои- Одбојкарите, македонските репрезентативци учесници на Европското првенство во Одбојка 2021.
Кампањата го носи насловот “Ова се нашите Херои”, ќе трае 2 месеци, а преку неа имаме можност да го запознаеме секој репрезентативец посебно, да дознаеме интересни работи за нив, со повик за заедничко бодрење на престојното Првенство во септември.
Ова е единствена ваква кампања во која една компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!
Кампањата ја објави и Европската одбојкарска конфедерација (CEV), на својата официјална веб страна!
– Од маргините на спортските вести до национални херои – започнува текстот на веб страната на CEV.
Во текстот посочија дека Кожувчанка ДОО како Компанија несебично ги поддржува и промовира македонските Репрезентативци преку својот бренд- Природната вода Изворска.
Како на нашите одбојкари,така сме горди и на нашата кампања “Ова се нашите Херои” која ја препознаа и на Европско ниво! – велат од Кожувчанка!
ОВДЕ можете да ја погледнете објавата на CEV!