Фондацијата “Никола Јанчев“ донираше комплетен систем за централен довод на кислород до секој кревет во модуларната Ковид болница во склоп на Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
Системот е поврзан со линии за централен доток на кислород, со што се олеснува работата на медицинскиот персонал и безбедноста на здравјето на пациентите.
Набавката и монтажата на целокупниот систем за централен довод на кислород е во вредност од 1,5 милион денари, средства обезбедени од фондацијата Никола Јанчев и компанијата Кожувчанка.
Фондацијата “Никола Јанчев“ е основана на 14.02.2018 година.
Основач е г-дин Митко Јанчев, актуелен Градоначалник на Општина Кавадарци.
Фондацијата има една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности.
Фондацијата Никола Јанчев донираше комплетен систем за централен довод на кислород до секој кревет во модуларната Ковид…
Posted by Фондација “Никола Јанчев“ on Sunday, March 7, 2021