Француски солени тортички

Состојки:

150 г маргарин
1/2 лажичка прашок за печиво
250 г брашно
700 г праз
2 лажици путер
4 лажици бело вино
сол
бибер
100 мл слатка павлака
100 г кисела павлака
3 јајца
1 лажичка ситно сечкан босилек
3 лажици бадеми
80 г рендан кашкавал

Подготовка:

Замесете ги маргаринот, брашното и прашокот за печиво со 3 лажици ладна вода. Формирајте топка, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои 30-тина минути во фрижидер. Исечкајте го празот и пропржете го во загреаниот путер. Прелијте го со виното, па зачинете го со сол и бибер. Расучете го тестото во кора и со него обложете 6 кошнички со пречник од 10 сантиметри. Распоредете го празот врз тестото. Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги јајцата, слатката и киселата павлака, па смесата прелијте ја врз празот. Сето тоа посипете го со босилекот, ситно сечканите бадеми и со ренданиот кашкавал. Печете ги тортичките околу 25 минути.

солени тортички