Градоначалникот Митко Јанчев учествуваше на рели трка (видео)

По осум години пауза, во Кавадарци се организираше ридско-брзински автомобилистички натпревар.

Авто мото клубот Скопје беше организатор на натпреварот, а во соработка со Автомобилистичката федерација, Општина Кавадарци и неколку фирми.

На оваа трка учествуваше и кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев. Тој, освен што даде целосна поддршка на трката имаше и свое учество и постигна одлични резултати.

Во категоријата Е1-1600, Митко Јанчев заостануваше само 8.42 зад победникот и успеа да освои четврто место.

Трката се одржа на стазата од Брана Моклиште до Витачево, а првиот човек на Кавадарци вети дека ќе се потруди, Кавадарци и во наредните години да биде домаќин на автомобилизмот и ридските трки.

Во продолжение, погледнете го возењето на градоначалникот!