На интервју со дедо успеавме да го застанеме барем на кратко најбрзиот македонец, Игор Стефановски-Иџе.
Тркачот на дедо, уште од 2001-та година се натпреварува во македонскиот шампионат за автомобилизам, каде што го покажува својот огромен талент.
Неговото деби е во 2003 година каде ја остварува првата победа на ридскиот натпревар „Пониква 2003“ што му е доволно за четврто место во генералниот пласман.
По успесите на домашен план и остварувањето на многу рекорди, во 2011 година Игор Стефановски комплетно се ориентира кон учество во меѓународни шампионати на ридски патеки.
Тоа му донесе две европски титули на ридски патеки, како и победа на легендарната патека „Имола“.
Еве што кажа внукот на дедо во интервјуто
Дедо: Внучко во твоето автомобилско CV запишуваме уште еден голем успех, односно триумфот на легендарната патека Имола.
Какво е дедо чувството кога за прв пат оваа сезона на пијадесталот се интонира македонската химна?
Иџе: Дедо да знаеш дека секоја победа е многу драга, позади секоја победа стои многу труд и напор, но кога си на истиот пиедестал каде што биле легендите како Шумахер, Сена, Прост, тогаш личното чувство некако се надминува и те исполнува гордост од звуците на нашата химна и од нашето знаме.
Тие моменти не се опишуваат и искрено посакувам секој што напорно тренира, вежба и вложува во себе да има можност да ги почувствува.
Дедо: Внуче знаеме дека заслужено го носиш епитетот „летечкиот македонец“, но ако досега те гледавме зад воланот во брзи автомобили, следната недела ќе возиш крос мотор.
Дел си од првото „Оff road show“ во Скопје, па што може да очекуваме од Иџе на две тркала?
Иџе: Дедо очекувајте средба со пријатели, добро дружење и фер возење. Ја поддржувам оваа иницијатива и искрено се надевам дека ќе прерасне во традиционална трка, а јас секогаш ќе се трудам да одговорам на сите вакви или слични покани.
Дедо: Мил на дедо оваа сезона во ETCC шампионатот ја оставаме зад нас, но кој се плановите за следната сезона?
Иџе: Па знаеш дедо плановите за наредната сезона, секако, се да бидам подобар и со многу повеќе победи. Последната трка покажа и докажа дека со еднаков автомобил како и моите конкуренти знам и можам да победувам, така да доколку се обезбедат финансии за конкурентен автомобил, победите ќе дојдат.
Дедо: Внуче„Синалко“ слават 111 години постоење, па да те праша дедо кој вкус ти е омилен?
Иџе: Мил дедо и јас и моето семејство ги консумираме пијалаците на
Sinalco, и сите ни се убави и освежителни. Но јас би го издвоил тој со вкус на крушка- Sinalco Pear.