Кристијано Роналдо го очекува своето четврто дете со девојката Џорџина Родригез.
23-годишната убавица за магазинот „Hola“ открива како се подготвува за раѓањето на своето прво дете.

„Секој ден сакам да се грижам за себе, да спортувам и да консумирам добро балансирана исхрана. Се обидувам да јадам природни продукти и да избегнувам тешки оброци. Ја следам Медитеранската исхрана. Не сакам строги диети бидејќи сакам да се почестам одвреме-навреме“, вели Џорџина.

Џорџина за шпанскиот магазин откри дека е во 5-тиот месец од бременоста и носи девојче.

