Ова преслатко бебе има само 2 месеци, а ќе ве освои на прв поглед.
Поради густата долга коса, Џуниор Кокс-Нун стана интернет хит, а добива огромно внимание каде и да се појави.
„Вообичаено пазарувањето ми одземаше 40 минути, но сега ми се потребни два часа. Сите застануваат, велејќи: Погледни ја косата на бебето. Мораат да ја допрат“, вели Челзи, мајката на Џуниор.
По раѓањето, малото бебенце го добило прекарот „Бебе мече“.