За време на втората полуфинална вечер, Марија Шерифовиќ му упати поддршка на хрватскиот претставник, Жак Хоудек.
На официјалниот профил на Евросонг беше објавен дел од настапот на Хрватска, а Марија реши да даде интересен коментар.
Пејачката која воедно е и добра пријателка со Жак, на Твитер напиша:
„Браво дебел, мој најубав пријателе“.

