Италијански научници:Коронавирусот не се пренесува преку мајчиното млеко

Мајчиното млеко е сигурно дури и ако мајката е заразена со коронавирус.

Не се пренесува на новороденчето преку доење, се резултатите од истражувањето спроведено од експерти од Одделот за неонатологија на Универзитетот во Торино и е објавено вчера во стручното списание Frontiers in Pediatrics.

„Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе преку доење, што е многу важен наод“, изјави професорот Дејвид Лембо, директор на Универзитетската лабораторија за молекуларна вирусологија на Одделот за клинички и биолошки науки, кој го водел истражувањето.

Мајките позитивни на Ковид-19 се придржувале до сите здравствени мерки – користеле маски за лице, одржувале хигиена на рацете и редовно ги дезинфицирале предметите што ги користеле. Ниту едно бебе не добило ковид-19.

„Резултатите се охрабрувачки и за мајките и за здравствените работници кои се грижат за здравјето на мајките и децата“, изјави проф. Лембо.

Истражувањето ги поддржува неодамнешните препораки на СЗО кои, дури и со досега достапни ограничени информации и земајќи ги предвид сите придобивки од доењето врз имунитетниот систем на детето, исто така ги советуваше и позитивните мајки на доење “, рече координаторот на истражувањето и директор на универзитетската неонатологија во Торинската болница Санта Ана, Енрико Бертино.

Проф. Лембо посочи дека антивирусното дејство на мајчиното млеко се истражува на Универзитетот во Торино со години, додавајќи дека се откриени и некои од неговите нови активни состојки кои можат да го заштитат новороденчето од вирусни инфекции.

„Од оваа причина, освен во посебни случаи, доењето е важен извор на здравје за новороденчето и е исклучително важно за зајакнување на имунитетот на бебето“, заклучи Лембо.