Состојки
4-6 шницли (телешки, јунешки или пилешки стек)
масло
150 гр лебни трошки
50 гр рендан пармезан + 50 гр за посипување
5 лажици брашно
2 јајца
200 мл доматен сос
½ лажичка зачин
150 гр моцарела
сол
Подготовка:
Месото се сече на тенки шницли или се толчи додека не се истенчи до дебелина од ½ цм. Лебните трошки се мешаат со пармезанот, во друг сад се матат јајцата со сол и во трет сад се става брашното. Месото прво се валка во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Месото се пржи на не многу јак оган.
Кога шницлите ќе бидат готови, се редат во плех обложен со хартија за печење. Врз секоја шницла се ставаат по 2 лажици од доматниот сос, претходно зачинет со ½ лажичка зачин .
Врз доматниот сос се редат тенко исечени парчиња моцарела и се посипуваат со рендан пармезан.
Така наредените шницли се печат во рерна, околу 10 мин на 160°С, само додека се стопат моцарелата и пармезанот.
Се сервираат со салата или пире од компири и се посипуваат со сечкан магдонос.

